Атлетико во Мадрид ја пречекува Барселона, во најатрактивниот меч кој викендов ќе се игра во Европа, па нормално, тоа е дуел кој е дел од листата за најновото коло од Спортска прогноза. Иако со нетрпение се очекуваше овој меч, поради тоа што сите очекуваа да видат како Луис Суарес ќе одигра против својот неодамнешен клуб, Уругваецот нема да биде во составот на Атлетико. Суарес е позитивен на корона-вирусот и ќе паузира 10-тина дена, што значи дека Барселона има една мака помалку да се одбрани во Мадрид.
Освен дербито во Мадрид, во обид да стигнете до 13 погодоци, има мечеви и од останатите Топ 5 лиги во Европа. За погодување на Среќна 13-ка, главната премија е мобилен телефон „ајфон 11“. Подароци има и за еден или два промашени фикса. За 12 погодени ќе добиете вредносен ваучер од Sport Life во износ од 1.000 денари, додека со 11-ка ви следува вредносен ваучер од 500 денари.
За да бидете дел од Спортска прогноза, доволно е само да бидете член на Sport Life клубот и да имате картичка, а останатото е да имате умешност БЕСПЛАТНО да ги погодите 13-те зададени парови.
Не чекајте и прогнозирајте во 11-тото коло на Спортска прогноза.