Чекањето заврши, тука е новата, осма сезона на Спортската прогноза на Sport Life и Спортманија.
Како и секоја од претходните години, учеството е бесплатно за сите сопственици на Sport Life картичка, а тоа е можност да се стигне до некој од вредните подароци.
Стандардно како и досега, во секое коло ќе има по 13 главни парови, плус две резервни двојки, а главен предизвик за сите прогнозери е да се обидат да погодат Среќна 13-ка, односно да ги погодат фиксовите на основните 13 пара.
За перфектно прогнозирање, односно 13 погодоци, прогнозерот ќе добие iPhone 16, тоа е новина во однос на претходната сеона. Подароци има и за оние коишто ќе имаат една или две утки. Со 12 погодени пара се добива вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката вреди ваучер од 500 денари.
Важно е константно да се игра секое коло на Спортската прогноза затоа што се собираат и вкупниот број погодени мечеви, а на крајот од сезоната следуваат подароци за најдобрите во генералниот пласман, а најдобриот ќе добие 55-инчен телевизор „Самсунг“.
Во првото коло од новата осма сезона има мечеви од Топ 5 лигите во Европа.
Сабота во 15 часот е крајниот рок до којшто може да прогнозирате. Најпредизвикувачки од саботните мечеви во понудата е Јувентус – Интер, а тука се и лондоскиот дуел Вест хем – Тотенхем, Фиорентина – Наполи и други интересни мечеви.
Од четирите неделни средби, дерби е Манчестер сити – Манчестер јунајтед.
Играта може да почне, сите детали и правила околу Спортската прогноза може да ги најдете на сајтот на Sport Life.