Во објект на Sport Life во тетовска Брвеница во вторникот вечерта со уплата само од 30 денари бил одигран тикет со четири натпревари, а тикетот е добитен и има бруто-добивка од 186.806 денари.
Ова е вистински подвиг ако се знае дека вкупната погодена квота на тикетот е дури 6.226. На три меча е играно дека двата тима ќе дадат гол во прво полувреме и притоа дека во тоа прво полувреме ќе има и барем три гола. Квотите за оваа игра се огромни, а слично е и со играта дека Шпанија ќе му даде два или повеќе гола на Бразил во првото полувреме на нивниот пријателски меч.
На сите четири меча имаше голеади во прво полувреме, па тикетот е добитен. Најкритичен му бил дуелот Австрија – Турција, на кој третиот гол во прво полувреме падна во 44-тата минута.