Играњето во Кина се исплати, Караско си купи Ферари од 300.000 евра (Видео)

Шпанските новинари го уловија фудбалерот на Атлетико Мадрид, Јаник Караско, како после тренинг си заминува со своето ново спектакуларно возило. Белгиецот кој има 26 години, изненадувачки го напушти Атлетико и играше во Кина каде имаше одлични финансиски услови, изгледа јако „го натоварил магарето“ и се врати во редовите на Јорганџиите.

Караско сега вози црвено Ферари 488, кое вреди над 300.000 евра. Неговото Ферари било атракција и за клупските колеги кои истотака имаат милионски договори.

- Оглас -

Најнови вести