Играш како ѓубре, рече еднаш Мурињо и се пишмани – Го бара истиот играч како засилување за Тотенхем

Жозе Мурињо имаше интересна епизода со Курт Зума, го критукиваше неговиот настап со зборовите „играш како ѓубре“ во ерата кога соработуваа во Челзи, а сега побара од раководството на Тотенхем да го ангажира одличниот дефанзивец.

„Не можам да се сетам за кој меч се работеше, но паметам дека загубивме со 3:1 на гостински терен. Следниот ден Мурињо ме повика во канцеларијата и директно ми рече дека играв како ѓубре. Ме шокираше и секако дека бев навреден, но тоа е минато. Таков е Жозе, директен, иако понекогаш знае и да претера“, вели Зума.

Сега има понуда од Мурињо за нова соработка, овојпат во редовите на градскиот ривал на Челзи, Тотенхем, но Зума е и во плановите на Франк Лампард.

Шефот на стручниот штаб на Челзи не сака да се откаже од услугите на Зума, кој е стандарден на позицијата стопер и игра одлична сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести