Играше финале на Вимблдон, сега губи од почетници

Томаш Бердих испадна веднаш на стартот од гренд слем турнирот во Њујорк, на Отвореното првенство на САД, и тоа од 18-годишниот Џенсон Бруксби, кој е рангиран како 394-ти тенисер на светот. Чехот загуби со 1:3 во сетови, иако во моментов е рангиран речиси за 300 позиции подобро од американскиот тинејџер.

Ова е голем неуспех за Бердих, кој во некои минати времиња, но не толку далечни беше многу незгоден ривал и за најдбрите светски тенисери, а ги победуваше и Федерер, и Надал и Ѓоковиќ. Најдобар ранкинг на Бердих му е четвртата позиција во мај 2015 година, а има и солиден биланс од 13 АТП-титули.

Но, повредата која лани го одвои од тениските терени околу шест месеци, односно од Вимблдон, до крајот на сезоната си го зеде данокот. Почетокот на оваа не беше лош за Бердих. Финалистот од Вимблдон во 2010 година играше две финалиња, но ги загуби, а потоа повторно влезе во криза и најчесто губеше во раната фаза од турнирите.

И сега потврди дека не е оној стариот Томаш, кој им задаваше големи проблеми на фаворитите и со сензационален пораз се прости и од настапите на „Флешинг Медоуз“, на последниот гренд слем турнир во сезоната.

- Оглас -

Најнови вести