Алжирскиот фудбалер Јусеф Белаили беше уапсен на аеродромот „Шарл Де Гол“ во Париз, по слетувањето на авионот во кој играчот на Есперанс од Тунис правел проблеми.
Искусниот 33-годишен фудбалер играше на Светското клупско првенство, го даде и голот за победа на Есперанс над Лос Анџелес во групната фаза.
За време на летот од Њујорк до Париз, Белаили влегол во конфликт со персоналот на авиокомпанијата „Ер Франс“, наводно поради тоа што одбивал да му врзе појас на детето кое патувало со него. Имало и вербален конфликт, а од пилотската кабина побарале полициска асистенција по слетувањето.
На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат полицајци како го спроверуваат Белаили, бос, и со лисици на рацете, низ аеродромскиот терминал. Неговиот брат, кој исто така бил на летот, наводно бил исто така приведен. Нивните телефони биле запленети за истрага.
Белаили беше задржан во притвор неколку часа пред да биде ослободен. Сепак, според францускиот закон, можно е против него да бидат преземени законски или дисциплински мерки во наредните денови.
Белаили е познат по својот талент, но и по насилниот темперамент, и често беше во центарот на контроверзии. За време на својата кариера, тој играше во француската Лига 1 за Анже, Брест и Ајачо, и беше клучен играч на алжирската репрезентација со која го освои Африканскиот куп на нации во 2019 година.
— Le footballeur algérien Youcef Belaïli a été INTERPELLÉ par la police française à sa descente d’avion à l’aéroport de Roissy-Charles-de-Gaulle.
Il aurait provoqué UNE BAGARRE en plein vol, après que le personnel de bord lui a simplement demandé… pic.twitter.com/QS4vFxxH5g
— Bastion (@BastionMediaFR) July 2, 2025