Играше Манчестер јунајтед, се радуваат навивачите на Манчестер сити (Видео)

Манчестер јунајтед напарви голем кикс и не успеа да го победи аутсајдерот Вест Бромвич Албион, со што шансите за титулата драстично се намалија.

По ремито против ВБА, 1:1 денеска на гостински терен популарните Црвени Ѓаволи со вратиоја на втората позиција со 46 бода, колку што има и Лестер на третото место, но се зголеми разликата во бодови во однос на лидерот Манчестер сити на 7 бода, а можат да бидат и 10, ако Граѓаните го победат Евертон во заостанатиот меч од 16. коло во Премиерлигата.

Вест Бромвич Албион експресно поведе по само 83 секунди игра со голот на Мбаје Дијање, а потоа на гостите им требаа цели 42 минути за да израмнат.

https://twitter.com/_Atanasi/status/1360954320276045830?s=20

Бруно Фернандеш со прекрасен волеј во 44. минута ги врати надежите на фаворитот за нова гостинска победа, но Јунајтед можеше и да загуби, ако Дијање ги погодеше зицерите во 78. и во 88. минута, кога беше сам пред голот на гостите, но најпрво Де Хеа мајсторски му одбрани, а потоа напаѓачот промаши цел гол.

 

- Оглас -

Најнови вести