Репрезентативецот на Лихтенштајн, Денис Салановиќ на интересен начин бара нов клуб, а се огласи на социјалните мрежи.
Напаѓачот кој има 26 години објави на Твитер дека сака да остане да игра во Финска, откако се раздели со прволигашот Оулу.
„Сакам да останам да играм во Финска. Сака ли некој да ме купи?, напиша Салановиќ.
Тој е добропознат на македонската фудбалска јавност и играше за Лихтенштајн против Македонија, како стартер и единствен шпиц на една од најслабите репрезентации во Европа.
Денис беше во составот на Лихтенштајн против Македонија на мечот од Лигата на Нации во ноември 2018 година кога победивме со 2:0 со головите на Енис Барди и на Илија Несторовски.