Играше во Манчестер јунајтед, но милијардер стана откако престана да игра фудбал

Некогашниот познат француски напаѓач и фудбалер на Манчестер јунајтед, Луис Саха, по завршувањето на својата играчка кариера заработи милијарди евра благодарение на успешен деловен потфат.

Додека некои фудбалери брзо го трошат своето богатство стекнато на терените, Саха мудро ги инвестираше своите средства и заработи сума која е неспоредлива со онаа што ја поседуваше и ја заработи додека блескаше на терените низ Европа.

Саха ја заврши својата кариера во 2013 година и веднаш започна сопствен бизнис под името „AxisStars“. Компанијата е официјално претставена како „заедница која овозможува поврзување меѓу професионални спортисти, забавувачи, нивните колеги и партнери“.


Во моментов дури 550 спортисти ги користат услугите на неговата платформа.

Останувајќи поврзан со светот на спортот, во овој потфат му се приклучија и поранешниот маркетинг-директор на Манчестер јунајтед, Мајк Фарнан, технолошкиот директор Патрис Арнер и експертот за маркетинг Кејт Хамер.

Според извештаите, бизнисот од 2013 година доживеал огромен раст и достигнал неверојатни 4,2 милијарди евра. Уште поимпресивно е тоа што моменталното богатство на Луис Саха се проценува на 5,16 милијарди евра.

Кога го започнал овој бизнис, Саха изјавил дека би сакал да имал ваква поддршка додека бил млад фудбалер. Токму тоа го создал преку својата платформа.

„Би сакал да можев подобро да ги совладам деловните аспекти додека играв фудбал. Сега сум во пензија, но сè уште имам важна улога во споделувањето искуства со младите играчи. Би сакал да имав ваква платформа како играч. Тоа ќе ми помогнеше во управувањето со кариерата и многу подобро планирање на иднината“, изјави Саха.

- Оглас -

Најнови вести