Играше во Премиер лигата, а сега му се суди за шверц на два тона кокаин

Холандскиот фудбалер Рони Стам четири години играше за екипата на Виган во Премиер лигата, а најголемиот успех го имаше во 2013 година, кога во финалето на ФА купот неговата екипа славеше над Манчестер сити.

Стам беше и шампион на Холандија со екипата на Твенте, но сега во градот Бреда му се суди за шверц на 2,2 тона кокаин. Тој заедно со уште четворица члена на неговото семејство беше уапсен од холандската полиција, а главниот обвинител на судењето кое започна денес рече дека токму Рони Стам е „мозокот“ на шверцот според пораките кои ги пресретнале.

Поранешниот фудбалер денес не присуствуваше во судницата, но ќе мора да се појави на 28 ноември, кога започнува главниот претрес на неговото судење.

- Оглас -

Најнови вести