6.8 C
Skopje
недела, 19 октомври 2025

Играше во Премиер лигата и за репрезентацијата, а сега ќе мине 28 месеци во затвор!

Веројатно малкумина се сеќаваат на Јамар Лоза, кој пред десеттина години настапуваше во Премиер лигата за екипата на Норич, но и за репрезентацијата на Јамајка.

31-годишниот, се уште активен фудбалер, е осуден на 28 месеци затвори и тоа поради трговија на Азот оксид, познат како „гас за смеење“ поради своите ефекти при вдишувањето.

Затворската казна е висока, бидејќи е фатен со огромни количини, а судот тоа го ценело како индустриска продажба, за што немал дозвола во Велика Британија.

Дел од неговите соиграчи се сеќаваат дека уште кога бил во врвна форма се пофалил дека од продажбата за недозволената супстанца заработувал пари, кои не знаел како да ги потроши.

- Оглас -

Најнови вести