Играше за 38 долари месечно, а сега е пред влез во НБА лигата

Жасиел Ривера е кошаркар од Куба, кој од следната сезона многу лесно може да заигра во НБА лигата. Играчот кој игра на центарската позиција, иако има само 206 сантиметри, моментно е член на екипата на Сан Пабло Бургос во Шпанија. Кубанецот имаше одлична сезона и го привлече вниманието на НБА клубот Далас Маверикс. Според најавите, Каубоите може да го ангажираат Ривера за следната сезона.

Кубанецт е спортист кој е доказ дека никогаш не треба да се откажете и дека ско ги следите вашите соништа, може да успеете во намерите. Пред само шест години, Ривера играше во локалното кубанско првенство и добиваше месечна плата од 38 долари.

Потоа направи трансфери во Уругвај и Аргентина, за да успее да се наметне и во Европа, па заигра во шпанското првенство. Во досегашниот дел од кариерата, Ривера мораше да се избори и со две тешки повреди, кои успеа да ги надмине и да стигне до форма која е посакувана дури и за еден тим како што е Далас во НБА, каде би можел да биде соиграч со Лука Дончиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести