Александре Сонг Билонг ќе игра во Џибути за тотално непознатата екипа Арта Солар 7, што е голем пад во кариерата на 33-годишниот поранешен репрезентативец на Камерун, селекција за која одигра 49 натпревари.
Кариерата на некогашниот талентиран играч на Арсенал е во надолна линија, има 33 години и изненадувачки одлучи да игра во Џибути.
Сонг беше член на лондонските Топчии цели седум години од 2005 до 2012 година, има околу 150 настапи за англискиот гигант, а потоа за вреден трансфер од 15 милиони евра се пресели во Барселона.
За Каталонците малку играше, иако остана на Камп Ноу четири години, со позајмица во Вест Хем, па потоа и трансфер во Рубин Казан. Оттаму се пресели во шпвајцарски Сион, каде доби отказ на почетокот на годинава, поради тоа што одби да му ја намалат платата во услови на пандемија со Ковид-19.
Со Барса ја прослави единствената титула што ја има во колекцијата како шампион на Ла Лига во 2012/13. Сонг беше двапати во идеалната постава на Африканскиот куп на Нации како репрезентативец на Камерун.