Поранешниот јапонски фудбалски репрезентативец Јуничи Инамото објави дека ја прекинува играчката кариера и тоа на 45 години. Инамото преку социјалните мрежи се заблагодари на сите и реши дека е доста.
„Чувствувам дека направив се што можев. Истотака чувствувам дека веќе не можам да му помогнам на тимот, со оглед во каква форма сум во моментов“, рече Инамото.
Во последните две сезони Инамото играше за петтолигашот Нанкатсу, а во богатата кариера има играно за Гамба Осака, Арсенал, Фулам, ВБА, Галатасарај, Ајнтрахт, Рен и неколку клубови во Јапонија.
Инамото беше дел од „сребрената“ генерација на Јапонија која на Светскотото првенство У20 во 1999 година стигна до второто место на Мундијалот. Во таа генерација беа и Шинџи Оном и Наохиро Такахомо. ВО сениорската репрезентација на Јапонија одигра 82 меча и постигна пет голови.
„Фудбалот едноставно е забавен. Секој тим е посебен, без разлика дали си во Арсенал или во Нанкатсу, но правилата секаде се исти. Секое искуство што го имав беше незаборавно и забавно“, потенцираше тазе пензионираниот јапонски фудбалер.