Играше за Барселона и Ливерпул, вредеше 80 милиони евра, а сега никој не го сака

Некогашниот бразилски репрезентативец Артур Мело ќе си замине од Фиорентина на крајот од сезоната. Тој сезонава играше за Виолетовите, и тоа како позајмен играч од Јувентус. Сезонава играше 41 натпревар за Фиорентина и во 2.690 минути поминати на терен постигна еден гол и имаше четири асистенции.

Во договорот со Старата дама стоеше опција Фиорентина да го откупи договорот за сума од 20 милиони евра, но тимот од Фиренца оцени дека нема да ѝ бидат потребни услугите на Бразилецот во следната сезона.

Според тоа, Мело ќе се врати во Јувентус, што не се добри вести за гигантот од Торино затоа што не е во опција за настап во првиот тим, но има договор до јуни 2026 година.

Интересно е дека пред четири години Јувентус за овој играч плати 80 милиони евра за да го доведе од Барселона, но Мело во ниту еден момент не успеа да се наметне со своите игри. Беше на позајмица и во Ливерпул, но и таму не се задржа, па сега останува Јувентус да бара чаре за фудбалерот кој не толку одамна вредеше многу пари и од него се очекуваше да биде голема ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести