Беше суперѕвезда во Бундеслигата и во Црвена ѕвезда, сега е скараџија

Бразилската фудбалска легенда Аилтон, кој своевремено се прослави во дресот на Вердер и беше прв стрелец на Бундеслигата, сега има голем вишок на килограми и фудбалот му е во втор план, зад јадењето и пиењето. Аилтон како фудбалски пензионер остана да живее во Бремен и ужива во печењето големи количини месо на скара во двор.

Аилтон кратко играше и за Црвена ѕвезда, но тогаш веќе имаше голем плус килограми, и формата му беше далеку од најславните денови. Се обиде и во други лиги, но не одеше, па во 2013 година се повлече. Инаку, Аилтон во професионалната кариера даде над 200 гола, тој е еден од ретките странци со над 100 гола во Бундеслигата, а сега на социјалните мрежи се фали каков скараџиски мајстор станал во последните години.

- Оглас -

Најнови вести