Играше за Ливерпул, а вечерва читаше резултати за Естонија на Евровизија

Естонскиот фудбалер Рагнар Клаван вечерва беше во главна улога на државната телевизија на оваа балтичка земја откако беше човекот кој ги читаше резултатите од естонското жири на Евровизија. Тој е поранешен репрезентативец на Естонија со 129 настапи и три гола за државниот тим.

Најпознат е по периодот од 2016 до 2018, кога настапуваше за Ливерпул, местото каде што се одржува овогодишното издание на Евровизија. За Црвените настапи на 39 натпревари и постигна еден погодок.

Клаван во својата кариера настапуваше за естонските Елва, Тулевик, Флора и Паиде, кој воедно му е и последен клуб, додека интернационална кариера освен во Ливерпул, градеше во холандските АЗ Алкмар и Хераклес, норвешката Волеренга, бундеслигашот Аугсбург и членот на Серија А, Каљари.

- Оглас -

Најнови вести