35.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Играше за Ливерпул и репрезентацијата на Англија, а сега потпиша за шесттолигаш! (Видео)

Поранешниот англиски репрезентативец, Енди Керол, во својата кариера настапуваше за екипи Ливерпул, Њукасл и Вест хем, а минатата сезона ја мина во „паднатиот“ француски великан, Бордо.

Сепак, се одлучи да се врати во татковината и да потпише за англиски шесттолигаш. Како што вели и самиот, имал понуди од Шпанија, Италија и Франција, но се одлучил да потпише за Дагенем и Редбриџ.

Клубот доби катарски инвестироти, а и самиот Керол ќе биде еден од малцинските сопственици, па освен семејството и ова е една од причините за враќањето на Островот.

„Сакав да се вратам дома. Можев да потпишам и за топ-екипа. Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челзи. Ова ќе им биде шок. На фантастична локација сум, блиску до децата, ќе може да ме гледаат, а се надевам дека ќе ги донесат и другарчињата. Беше време да се обедини семејството.“ – вели Енди Керол.

- Оглас -

Најнови вести