Играше за Македонија У17, а денеска дели автограми на навивачите на Јувентус (Видео)

Некогашниот младински македонски фудбалски репрезентативец Дејан Кулушевски е во Торино и денеска треба да ги помине лекарските прегледи пред да го официјализира договорот со најтрофејниот италијански клуб Јувентус. Кулушевски пристигна во клупските простории на Јувентус, каде што го пречекаа навивачи што сакаа да добијат автограм и да се фотографираат со младата ѕвезда.

Кулушевски пред неколку години играше за У17 селекцијата на Македонија, но потоа реши да го прифати повикот на Шведска, земјата во којашто е роден. Тинејџерот кој блесна сезонава во дресот на Парма, официјално е играч на Аталанта, па тимот од Бергамо ќе добие 45 милиони евра од трансферот во Јувентус.

Носејќи го дресот на Јувентус, Дејан ќе добива годишна плата од 2,5 милиони евра.

https://twitter.com/GiovaAlbanese/status/1212643457011011584

https://twitter.com/CMJuve18/status/1212650389109137408

- Оглас -

Најнови вести