23.8 C
Skopje
петок, 25 јули 2025

Играше за Мароко на СП во Катар, а сега мора да оди во затвор

Членот на мароканската репрезентација која го освои четвртото место на Светското првенство во Катар кое се одржа пред две години, Илијас Шаир, ќе мора да оди во затвор.

Фудбалерот на Квинс парк ренџерс е осуден на една година затвор бидејќи со камен му го пукнал черепот на возач на камион.

Инцидентот се случил пред четири години,кога Шаир заедно со брат му биле на одмор.

Возачот на камион, Нилс Т., кој исто така бил дел од авантурата со кајак, влегов во расправија со Илијас и неговиот брат Жабер, додека го чекале автобусот  кој требало да ги однесе до дестинацијата. Причина за кавгата била банална, кој прв да влезе во автобусот.

Нилс Т. бил итно пренесен во болница во Ремс, Франција, бидејќи имал пукнатина на черепот од два сантиметри.

 

- Оглас -

Најнови вести