Играше за Словачка на ЕВРО 2024, а сега ќе прави трансфер во Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед го насочи фокусот кон словачкиот репрезентативец Давид Ханцко. Дваесет и шестгодишниот дефанзивец го привлече вниманието на Црвените ѓаволи со своите одлични настапи на ЕВРО 2024 и клубот сериозно размислува да го доведе на „Олд Трафорд“.

Ханцко е фудбалер на Феенорд, каде што игра од 2022 година, кога беше доведен од Спарта Прага за 8,5 милиони евра. Минатата сезона се претстави квалитетно во дресот на холандскиот клуб, каде што постигна седум гола и оствари три асистенции на 48 натпревари во сите натпреварувања.

Ханцко би можело да биде многу корисен за Манчестер јунајтед бидејќи може да игра на неколку позиции во одбраната. Првенствено тој е централен дефанзивец, но успешно се снаоѓа и како лев бек. На „Олд Трафорд“ во него гледаат добра опција за пополнување на дупките во тимот, иако веројатно нема да биде стартер во составот на Ерик тен Хаг.

Манчестер јунајтед е подготвен да плати околу 35 милиони евра за Давид Ханцко.

- Оглас -

Најнови вести