Играта на голови денеска нема да разочара

2508 Лилестром – Розенборг (20ч)

Розенборг мора да се врати во победнички ритам откако претрпе три порази во последните пет првенствени дуели, односно врза два во претходните две кола со кои заостана девет бода зад лидерот Молде.

Некогашниот норвешки првак би требало да ја поврати формата ако се знае дека речиси 13 години нема загубено на гостувањата кај Лилестром, а славеше трипати во последните пет меѓусебни дуели. Во нив Розенборг прими само два гола, што дополнително докажува дека гостите вечерва веројатно ќе си заминат со три бода.

Предлог тип: X2 & 2-4 (2.05)

 

6001 Приштина – Интер Ескаладес (20ч)

Косовскиот шампион би требало да ја добие првата меѓусебна пресметка против екипата од Андора и да се пласира во квалификациите за Лигата на шампионите. Во изминативе девет дена Приштина запиша две победи со идентични 2-0, од кои едната е во пријателски дуел против македонскиот шампион Шкендија, што значи дека во добра форма ќе влезе во дуелот против андорскиот Интер и ќе може полесно да ја оправда фаворитската улога.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.99)

 

1278 Шемрок – Дрохеда (21ч)

Ирскиот првак по киксот кај Бохемијанс, мора да се врати на победнички патеки за да продолжи да му врши притисок на лидерот Сент Патрикс, а Дрохеда е противник каков што му одговара на Шемрок за да освои три бода и да се врати на врвот на табелата.

Шемрок со биланс од 4-1 во последните пет меѓусебни средби и само еден примен гол во нив ја дочекува Дрохеда со цел да нанесе трето по ред разочарување на гостите, кои пак од 2014 година немаат победено во Даблин.

Предлог тип: 1 & 1+ полувреме (1.84)

 

6723 Грасхоперс – Шафхаузен (15:30ч)

Контролката меѓу швајцарските екипи треба да помине во растоварено издание и да се пробуваат тактики, а тоа навестува отворен меч и повеќекратно тресење на мрежите.

Просекот од три гола во последните пет меѓусебни дуели на овие две екипи го прави големиот триумф на Грасхоперс од 5-3 остварен во јули 2020 година, по што Скакулците триумфираа уште двапати, оставајќи една победа за Шафхаузен и едно реми.

Предлог тип: 4+ (2.20)

 

6725 Салцбург – Дунајска стреда (18ч)

Доколку австриските Црвени бикови играат со половина сила која ја покажуваа во претходната сезона, може да се предвиди дебакл за словачкиот тим, односно силен старт на Салцбург во подготовките.

Двете екипи паметат двомеч од нокаут-фазата во тогашниот УЕФА куп во 1993 година, кој австрискиот првак го доби со вкупни 4-0 (2-0, 2-0), а пред четири години во контролен меч Салцбург немаше милост при победата од 5-1.

Напаѓачкиот квалитет на Салцбург е неспорен, прашање е колку екипата на Џеси Марч ќе се троши.

Предлог тип: 2+I & 2+II (1.87)

- Оглас -

Најнови вести