Пет привлечни дуели се дел од денешните Квоти на ден, кои ако ги одиграте заедно на еден тикет ќе ви донесат вкупна квота од 63.79. Челзи и Ливерпул ќе играат во финалето на Лига купот на Англија и тука се очекува да има погодоци. За играта двата тима да постигнат барем по еден гол и да има барем по еден погодок во двете полувремиња, коефициентот е 2.05.
Пари Сен Жермен дома е голем фаворит за триумф над Рен, а освен победа на Светците треба да има и два погодоци во второто полувреме за да биде добитна квотата од 2.35.
Борусија Дортмунд треба да биде тимот кој ќе постигнува голови против Хофенхајм. За комбинацијата Милионерите да погодуваат барем еднаш во првото полувреме и на крајот да постигнат најмалку три гола се нуди квота од 2.45.
Интер треба да слави на гости кај Лече во натпревар на кој во двете полувремиња барем по еднаш ќе се тресе мрежата. Оваа комбинација е со коефициент од 2.30.
Милан на „Сан Сиро“ не треба да загуби од Аталанта во пресметка на која двата тима би се израдувале најмалку на еден погодок. Оваа комбинација се вреднува со 2.35.