Играте на фаворити како Челзи, Борусија, Милан, Атлетико, а коефициентот што го добивате е одличен

Вкупен коефициент од 59.91 носат петте понуди од Квоти на ден во Sport Life, доколку ги одиграте на еден тикет. Тоа значи дека и со минимална уплата, евентуалната добивка ќе биде одлична, па затоа вреди и да се одиграат.

Тулуз е домаќин на Лил, а гостите се тие кои ја имаат фаворитската улога. Лил не треба да загуби во меч на кој ќе има од два до четири погодоци што носи одличен коефициент од 2.20.

Челзи на „Стемфорд Бриџ“ е домаќин на Евертон и тука може да се очекуваат погодоци во мрежата на гостите. За играта Челзи да постигне барем еден погодок во првиот дел, а на крајот лондонскиот тим да се израудва барем на два погодоци, коефициентот е 2.35.

Слична е тактиката и за Борусија Дортмунд во дуелот со Келн. И тука понудата е да се игра на погодоци на домашната екипа, но играта е малку поразлична, па за Т11+I&1+II коефициентот е 2.15.

Удинезе е домаќин на Милан, а Росонерите ќе бараат освојување бодови на овој дуел. Да има погодоци во двете мрежи, а Милан на крајот да освои барем еден бод, се вреднува со коефициент 2.45.

Во Шпанија, Атлетико Мадрид игра против Валенсија и не треба да има дилеми дека домаќините ќе победат. Освен „кец“ потребно е да има и барем еден гол во второто полувреме за да биде добитна квотата од 2.20.

 

- Оглас -

Најнови вести