Играте на Италија, Данска и Полска, а коефициентот е 14.70

Денешните Квоти на денот навистина изгледаат одлични и мирисаат на убава добивка, со оглед на тоа дека вкупниот коефициент е 14.70.

Интересно е што сите три натпревари имаат идентичен коефициент од 2.45.

Италија гостува кај Северна Ирска, а понудената игра е Аѕуирите да дадат најмалку еден гол во првото полувреме, односно три во текот на сите 90 минути.

Полска е апсолутен фаворит против Унгарија и ѝ треба победа за да обезбеди бараж за СП, а покрај тоа што се бара нејзин триумф, потребно е на оваа средба да видиме од два до четири погодоци.

Шкотска и Данска играат меч без никакво резултатско значење, со оглед на тоа дека конечниот исход на табелата никако не може да биде променет.

Но, одличните гости коишто бележат само победи во квалификациите за СП, посакуваат да останат со перфектен скор, иако Sport Life нуди посигурна варијанта, односно двојна шанса Х2 и двете селекции да дадат најмалку по еден гол.

- Оглас -

Најнови вести