Два меча од германската Бундеслига и еден од француското првенство се дел од денешните Квоти на ден. Лајпциг игра на гости кај Арминија Билефелд и се очекува лесна и убедлива „двојка“ во која гостите треба да дадат барем три погодоци за да биде добитен коефициентот 1.85.
Шампионот Баерн Минхен гостува кај Волфсбург и баварскиот гигант треба лесно да победи во меч со најмалку три погодоци, а коефициентот за 2-2&3+ е одличен и изнесува 2.55.
Првакот на Франција, Пари Сен Жермен игра на теренот на Монпелје, а и тука е потребно гостите да слават во меч на кој ќе има барем два погодоци во второто полувреме, што носи коефициент 2.19.
Ако се решите да ги одиграте сите три предлози од Квоти на ден на едно ливче, вкупниот коефициент што ќе го добиете е 10.33.