17.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Игравме со младинци кои големиот Вардар го гледале само на телевизија 

Ракометарите на Вардар со 38:25 ја совладаа Војводина во првиот четвртфинален натпревар од СЕХА Лигата и практично ги решија дилемите околу патникот на завршниот турнир.

Работата на македонскиот шампион дополнително им ја олесни противникот, тренерот Драган Кукиќ одлучи во Скопје да дојде до младинскиот тим на Војводина, бидејќи првиот тим вчера имаше натпревар.

„Дојдовме во Скопје со момци родени во 2006, 2007, 2004… Сè се тоа младинци кои големиот Вардар го гледале само на телевизија. И оваа убава арена ја виделе само на ТВ, а сега ете се најдоа тука и добар дел од нив беа навистина збунети. Видоа како се сака клубот, и доаѓа публика и против ваков противник како што сме ние и му даваат поддршка на својот Вардар. Младите од нашиот тим едноставно во тој момент не знаеа каде се наоѓаат, жаргонски кажано, не знаеја каде е лево, каде е десно. Но не можам да им забележам бидејќи ова за нив е нешто ново. Ние свесно дојдовме подмладени затоа што приоритет ни се првенството и полуфиналето на Европскиот куп, а немаме толку сили за три фронта“ – изјави Кукиќ по натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести