Игри на Ливерпул, Наполи и Барселона прават квота 11,5 со квотите на денот на Sport Life

Квотите на денот на Sport Life често им помагаат на обложувачите да направат добар избор на типови кои ќе ги донесат до добивка, а денешните три предлози нудат убав вкупен коефициент од 11,5.

Првиот предлог е да одиграте Х2&2-5 гола на дуелот од финалето на англискиот Лига куп помеѓу Челзи и Ливерпул. Кога два силни тима се среќаваат на неутрален терен (се игра на „Вембли“), нерешениот резултат е најреален, но мала предност им се дава на Црвените. Ако верувате во меч со 2-5 гола и Ливерпул да не загуби по 90 минути игра, квотата е 2.05.

Голема квота од 2.45 се нуди за Х2 и ГГ на мечот Лацио – Наполи. Ова е дуел од Серија А помеѓу два тима кои често знаат да бидат ефикасни, а за да се погоди прогнозата, доволно е и двата тима да дадат само по еден гол. Наполи се бори за титула и не би било добро за нив ако загубат во Рим.

Третиот меч се игра во Ла Лига во Шпанија меѓу каталонската гордост Барселона и баскиската гордост Атлетик Билбао. Барса е фаворит според многу показатели, тоа е тим кој често дава голови во првите полувремиња, и затоа тука предлог е да се одигра на победа на Барселона во меч со гол и во прво полувреме, а коефициентот е 2.30.

Сите три натпревари може да се играат на ист тикет.

- Оглас -

Најнови вести