1120 Брајтон – Тотенхем (17:30)
По традиција натпреварите на Брајтон и Тотенхем се ефикасни, а двете екипи така играат и оваа сезона. На последните три меѓусебни натпревари на овие две екипи имаше по најмалку три погодоци, а со 3+ голови завршија и последните пет на Тотенхем во сите натпреварувања. Брајтон играше 3+ на последните три меча.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.75)
1310 Реал Сосиедад – Атлетико Мадрид (21:00)
Атлетико Мадрид со мала фаворитска улога патува на гостувањето во Баскија кај Реал Сосиедад. Тоа го вели и табелата, каде „јорганџиите“ се на четвртата позиција со 16 поени, додека домашните се 15-ти на табелата со осум бода. Последните три натпревари на Реал Сосиедад завршуваа со најмалку два гола, додека Атлетико на последните пет од шест меча играше 2+. На меѓусебните натпревари, Атлетико Мадрид на последните шест нема загубено, а минатата сезона во Сан Себастијан победи со 0-2.
Предлог тип: Х2 & 2+ (2.12)
3613 Фиорентина – Милан (20:45)
Ефикасен фудбал се очекува во Фиренца, на дуелот помеѓу Фиорентина и Милан. Двете екипи играат ефикасно, а тоа го покажаа и на претходните меѓусебни дуели, каде на три од последните четири имаше по најмалку три гола. Милан оваа сезона само на еден меч не одигра 3+, оној против Баер Леверкузен во Лигата на шампионите, додека сите останати завршуваа со најмалку три гола.
Предлог тип: 1+I&3+ (2.00)
1808 Ајнтрахт Франкфурт – Баерн Минхен (17:30)
Дуел на двете првопласирани екипи во Бундес лигата со сигурност ќе донесе возбудлив и ефикасен фудбал. Ниту Ајнтрахт, ниту Баерн немаат што да бранат денес, а секако дека „баварците“ се фаворити на овој дуел и покрај одличната форма во која се наоѓа екипата од Франкфурт. Ефикасни беа и нивните последни меѓусебни дуели. На последниот, Баерн победи со 2-1, но претходно загуби со 5-1 од Ајнтрахт.
Предлог тип: 2 & 1+I&1+II (1.95)
1709 Ница – ПСЖ (20:45)
Откако Монако синоќа победи, ПСЖ денес нема избор и ќе мора да победи на гостувањето кај Ница ако сака да се врати на врвот од табелата во француската Лига 1. „Светците“ на последните три меча примија гол, а така беше на пет од последните шест меча кои ги одиграа во сите натпреварувања, па и вечерва може да се очекува нешто слично, за што квотата е фантастична.
Предлог тип: 2 & ГГ (3.40)