1009 Манчестер јунајтед – Тотенхем (17:30)
Манчестер јунајтед и Тотенхем имаат идентични седум бода и се наоѓаат на делба на 10-тото и 11-тото место во Премиер лигата. Двете екипи немаа старт според посакуваното, па денес ќе мора да атакуваат на бодовите. Во таква ситуација најсигурната опција е да се одигра на голови, кои на натпреварите на овие две екипи не недостигаат. Дури 11 меѓусебни натпревари по ред завршуваат со најмалку два гола, а осум од нив и со 3+ голови.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.78)
1361 Атлетико Мадрид – Реал Мадрид (21:00)
Најголемото внимание во денешната понуда привлекува мадридското дерби помеѓу Атлетико и Реал. Дуелот на второ и третопласираните екипи од Ла Лига се очекува да биде ефикасен, како што беа и претходните натпревари на овие две екипи. Три од последните четири меча на Атлетико и Реал завршуваа со 3+, а таков беше случајот и на пет од последните седум меѓусебни натпревари.
Предлог тип: 1+I&3+ (1.98)
3009 Наполи – Монца (20:45)
Последниот натпревар помеѓу Наполи и Монца заврши со победа на поранешниот шампион на Италија од 4-2. Слично се очекува да биде и вечерва, односно да има голови во двете мрежи, но и најмалку три гола на целиот натпревар. Монца на последните четири меча игра „гол-гол“, а претпоследното место на табелата им налага дека мора да тргнат во офанзива кон голот на Наполи.
Предлог тип: ГГ и 3+ (2.40)
1809 Хофенхајм – Вердер Бремен (17:30)
Хофенхајм и Вердер Бремен на последните пет меѓусебни натпревари играат со по најмалку три гола, а често се случува да има и повеќе од три гола. Шест од последните седум натпревари на Хофенхајм завршија 3+, додека кај Вердер Бремен таа серија е три натпревари по ред.
Предлог тип: 1+I и 2+II (1.99)
1709 Стразбур – Марсеј (20:45)
Марсеј игра фантастично оваа сезона, но денес го очекува тешко гостување кај Стразбур. Предноста е на страната на гостите кои заостануваат само три бода позади лидерскиот двоец ПСЖ и Монако, па со евентуална победа ќе се израмнат со бодовите. на петте меча на Марсеј оваа сезона се постигнати вкупно 21 гол или во просек по нешто над четири по натпревар.
Предлог тип: Х2 & 1+ прво (1.77)