-3.2 C
Skopje
петок, 27 февруари 2026

Игрите на голови и триумф на Спортинг се добитната комбинација за денес (Фото)

3001 Парма – Каљари (20:45)

Очекувањата се дека Парма и Каљари ќе одиграат неефикасен меч со малку голови, па токму затоа комбинацијата „0-1 гол во прво и 1-2 гола во второ“ е наша препорака со одлична квота од 2.10 во понудата на Sport Life.

Предлог тип: 0-1I&1-2II (2.10)

 

1012 Бристол сити – Ватфорд (21:00)

За разлика од мечот на Парма и Каљари, во англиската Чемпионшип дивизија се очекуваат голови. На дуелот помеѓу Бристол сити и Ватфорд треба да има голови и во двете полувремиња, а овие две екипи по традиција играат ефикасно, како што беше и на последниот, кога Бристол победи со 5-1.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.09)

 

1001 Вулверхемптон – Астон вила (21:00)

Астон вила по домашниот кикс против Лидс и ремито од 1-1, ќе мора да се вади на гостувањето кај „фенерџијата“ Вулверхемптон. Иако играат против последнопласираната екипа, сепак Волците играат одличен фудбал под водство на новиот тренер, но едно е сигурно – Астон вила нема да загуби вечерва.

Предлог тип: Х2 & 1+ прво (1.75)

 

1801 Аугсбург – Келн (20:30)

Германската Бундеслига е синоним за ефикасен фудбал и голови, а така треба да биде и на мечот помеѓу Аугсбург и Келн. Овие две екипи на последните шест меѓусебни дуели одиграа „гол-гол“, па нема зошто да не биде така и вечерва.

Предлог тип: ГГ и 3+ (2.04)

 

1537 Спортинг Лисабон – Есторил (21:45)

Спортинг Лисабон е во „потера“ по лидерот во португалското првенство, Порто, па на дуелот против Есторил на домашен терен нема право на кикс. Екипата од Лисабон има заостанување од четири бода и ако сака да остане конкурентна за шампионската титула, ќе мора да победува на домашен терен, посебно на натпревари како овој против Есторил.Спортинг има девет победи по ред против денешниот противник.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.82)

- Оглас -

Најнови вести