Предновогодишно фудбалската понуда е лимитирана и голем број од првенствата се на пауза, но тоа не значи дека не може да се дојде до големи добивки во Sport Life. Двајца редовни играчи, од Охрид и Гостивар, успеаја да погодат различни игри и да дојдат до одлични добивки од околу 1.500 евра.
МИКС НА ИГРИ ВО ОХРИД ДОНЕСЕ ДОБИВКА ОД 87.501 ДЕНАР
Тикет со осум натпревари, на кој се одиграни различни игри, но и квоти кои се движат од 1.42 до 3.70, донесе одлична добивка од 87.501 денар за редовен играч на Sport Life од Охрид. Сите натпревари се одиграа вчера, а тикетот е уплатен само 10 минути пред почетокот на првиот меч.
Три кеца, односно победи на домашните екипи, два меча ГГ&3+, една гостинска победа со 3+ гола и два меча од играта 1&1+I&1+II беа доволни за добивката само со вложени 100 денари. Последниот меч на тикетот кој се чекаше беше пресвртот на Манчестер сити на гостувањето кај Евертон, откако Граѓаните имаа негатива од 1-0 по првите 45 минути.
ПЕТ НАТПРЕВАРИ И ПРЕСВРТОТ НА СИТИ ДОНЕСОА ДОБИВКА ОД 1.450 ЕВРА ВО ГОСТИВАР
Мајсторски одигран тикет донесе голема добивка и во Гостивар. Редовниот играч на Sport Life само со 200 вложени денари си доби 88.156 денари, а најголемата квота која успеа да ја погоди беше 23.5, односно пресвртот на Манчестер сити.
Останатите четири натпревари на тикетот беа со различни игри, еден кец на полувреме, една победа на домашната екипа, ГГ&3+, како и еден меч од живо на кој се бараше да бидат постигнати над 1.5 голови.