Игрите на голови се добитна комбинација, на Ерол му донесоа 100.000 денари како победник на Типстер купот за април

Со 10 добитни тикети во текот на минатиот месец и само со два бода повеќе пред второпласираниот, Ерол Ајдар од Скопје го освои првото место во Типстер купот во месечната етапа за април и си заработи 100.000 денари, што е негова најголема добивка во Sport Life.

Ерол заедно со уште двајца типстери имаа по 10 добитни тикети, а добитникот на 100.000 денари минатиот месец освои 166,30 типстер бодови, додека второпласираниот имаше 164,18 типстер бодови.

„Мислам дека тикетот што го уплатив за 50 денари и добив 2.000 денари го одлучи победникот. Тајната на успехот е што играм мешани игри, но најчесто на голови. Уплатите и добивките не ми се многу важни, туку целта беше да се исполнат условите. Ова е моја прва ваква награда од игрите што ги организира Sport Life. Имам клуб картичка уште од самиот почеток, односно откако беа достапни за играчите и оттогаш редовно ги играм игрите што ги организира Sport Life. Не сум толку успешен во Спортска прогноза, но еве, затоа сега ми се посреќи со Типстер купот“, вели Ерол.

Ерол најчесто игра на голови, меѓу омилените игри му се да има 1-2 гола во прво полувреме или во второ, а дел од добитните тикети му беа со играта која не ја пропушта секој викенд.

„Редовно играм на конечен тип и да има барем по еден гол и во првото и во второто полувреме. Исто така играм и да има еден или два гола во првото и во второто полувреме или во едно од двете полувремиња. Редовно играм во обложувалниците на Sport Life, не бркам големи добивки“, додава победникот на Типстер купот за април, Ерол Ајдар.

Омилен тим на Ерол е италијанскиот Милан, кого не пропушта да го одигра секој викенд. Тој е пасиониран фан на Росонерите и минатата година му донесоа добивка иако тикетот го чуваше цела сезона.

„Милан ми е омилен тим и не пропуштам да го одиграм на тикет секој викенд. Минатата година уплатив дека ќе ја освои титулата и не ме разочара“, открива типстер шампионот за април.

- Оглас -

Најнови вести