Игрите на голови се добитна комбинација, направи квота 1.315 и си ќари убава добивка (Фото)

Изминатиот викенд тикет уплатен во објект на Sport Life во Велес е доказ дека со мала уплата од 70 денари и со малку среќа и голови во финишот на двете полувремиња, може да се состават одлични добитни тикети коишто носат убави добивки.

Велешанецот со вложени 700 денари одигра седум натпревари и направи квота 1.315, која му донесе нето-добивка од 78.273 денари. Најмалата квота e 2.55, а најголемата e 3.00, а е одиграно да има еден или два гола и во првото и во второто полувреме.

Првиот меч на тикетот беше дуелот меѓу Фулам и Тотенхем, кој изненади многумина според резултатот, но не и според головите. Фулам славеше со убедливи 3:0, а првиот гол го постигна во 42-рата минута.

Стандард Лиеж со 4:0 го победи Ојпен и на радост на велешанецот, рамномерно ги распредели головите, по два во двете полувремиња. Четири гола имаше и на мечот од Лига 1 меѓу Нант и Стразбур (1:3) и повторно по два гола беа дадени во двете полувремиња. Диошѓер со 2:1 го победи Пакси, а на останатите три меча беа постигнати два гола, по еден во двете полувремиња.

Најкритично беше на натпреварот во австриската Бундеслига помеѓу Алтах и Австрија Виена (1:1) бидејќи домаќинот голот кој ги спаси од пораз го даде во 90+5 минута. Критично беше и на средбата во швајцарското првенство меѓу Грасхоперс и Сент Гален (1:1) бидејќи резултатот беше отворен во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести