Денешните натпревари од Квотите на ден, ако ги одиграте сите пет заедно, ќе добиете вкупен коефициент од 42.43. Најмалата квота изнесува 2.00, а најголемата 2.30.
Првиот предлог е од норвешкиот шампионат меѓу Молде и Одд и ја има најголемата квота (2.30). Предлогот на Sport Life е да се одигра на победа на Молде како и дека фаворитот ќе постигне барем три гола на овој натпревар.
Зенит и Спартак Москва играат реванш натпревар од полуфиналето на рускиот куп. Првиот меч заврши со триумф на Зенит од 2:1 и за денешниот дуел предлогот е да се одигра на голови. Квота од 2.05 се добива ако се одигра дека ќе има меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.
Баерн Минхен и Арсенал ќе играат во реванш четвртфиналниот дуел во Лигата на шампионите по што ќе биде познат патникот во полуфиналето. Првиот натпревар заврши 2:2, а и за вечерашниот дуел предлогот е да се одигра на голови и има квота од 2.00. За да се добие оваа квота потребно е да се одигра дека и двата тима ќе дадат гол, како и да падне барем по еден гол и во првото и во второто полувреме.
Идентична квота има за последниот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид. Тука предлогот на Sport Life е да се одигра дека Граѓаните нема да загубат, а притоа и двата тима постигнат гол.
Последниот предлог е од реванш натпреварот во полуфиналето во Купот на Португалија меѓу Порто и Гимараеш. Првиот натпревар заврши со минимална победа на Порто кој е фаворит и вечерва. Квота од 2.25 се добива ако се одигра на триумф на Порто, а притоа да бидат постигнати меѓу два и четири гола.