6033 Манчестер јунајтед – Глазгов ренџерс (21:00)
Британското дерби помеѓу Манчестер јунајтед и Глазгов ренџерс може да го даде одговорот дали една од овие две екипи уште вечерва ќе го обезбеди пласманот во топ-8 или тоа ќе мора да го сторат во последното коло. Двете екипи се на седмата и осмата позиција на табелата во Лигата на Европа само со еден бод разлика, па токму затоа најдобро е да се одигра на голови. Јунајтед и Ренџерс последен пат играа во јули минатата година, кога Црвените ѓаволи победија со 2-0 на пријателски меч на којшто беа постигнати по еден гол во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.81)
6038 Ајнтрахт Франкфурт – Ференцварош (21:00)
Ајнтрахт Франкфурт како голем фаворит влегува во мечот против Ференцварош во Лигата на Европа и уште вечерва може да го потврди пласманот помеѓу најдобрите осум екипи. Германците со три победи по ред го пречекуваат претставникот на Унгарија, а на последните два победија со 2-0 и 4-1, додека во Лигата на Европа на шест меча до сега успеаја да постигнат 12 гола.
Предлог тип: Т11+I&1+II (1.98)
6027 Фенербахче – Лион (18:45)
Фенербахче веќе нема што да брани во Лигата на Европа и ќе мора да тргне во напад против Лион, секако доколку сака да се пласира во разигрувањето. Избраниците на Жозе Мурињо се во одлична форма, а тоа треба да го потврдат и против Лион, екипа против која играат „гол-гол и 3+“ на последните три меѓусебни дуели.
Предлог тип: ГГ и 3+ (1.77)
6028 Хофенхајм – Тотенхем (18:45)
Ефикасно се очекува да биде и на мечот помеѓу Тотенхем и Хофенхајм. Двете екипи играат ефикасно оваа сезона, а во меѓусебниот дуел влегуваат со различен ефект од претходниот викенд. Хофенхајм победи со 1-3 на гостувањето кај Холштајн Кил, додека Тотенхем беше поразен со 3-2 од Евертон.
Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (1.72)
6024 АЗ Алкмар – Рома (18:45)
АЗ Алкмар и Рома се помеѓу оние екипи во Лигата на Европа на чии натпревари не се постигнуваат многу голови, па очекувањата се дека на полувремето или на крајот нема да има победник. Тоа го говори и фактот дека и двете екипи се кон средината на табелата, па би биле задоволни и со по бод од овој меч.
Предлог тип: Х БилоКога (1.83)