Пет натпревари од Лигата на Европа и Конференциската лига се дел од Квотите на денот на Sport Life. Вкупната квота на петте предлози изнесува 45.8, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.05 и 2.25.
Шведскиот Елфсборг како фаворит влегува во мечот од Лигата на Европа против кипарскиот Пафос, па квотата од 2.05 ќе биде добитна само ако домашните не загубат, но и ако двете екипи постигнат барем по еден гол.
Претставникот на Унгарија во Лигата на Европа, Пакси, е голем фаворит против романскиот второлигаш Корвинул, кој направи сензација и го освои Купот на Романија. За да биде добитна квотата од 2.20, потребно е домашните да победат, но и да има барем по еден гол во двете полувремиња.
Ефикасен фудбал се очекува на мечот помеѓу Ружомберок од Словачка и Тобол од Казахстан. Понудената квота од 2.20 ќе биде добитна ако во двете полувремиња бидат постигнати помеѓу еден и три гола.
Ефикасно се очекува и на мечот на македонскиот куп-освојувач, Тиквеш, кој на домашен терен го пречекува исландскиот Брејдаблик. Голови во двете мрежи, но и голови во двете полувремиња носат добитна квота од 2.25.
Ирскиот Шелбурн е голем фаворит во дуелот против Ст. Џозеф од Гибралтар, па за да биде добитна квотата од 2.05, потребно е домашните да постигнат помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.