32.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Игрите на голови се главни во Квотите на денот (Фото)

Петте меча од денешните Квоти на денот ако се одиграат заедно, прават вкупен коефициент од 36.49.

Првиот предлог е дуелот од ирскиот шампионат меѓу Слајго роверс и Шемрок и тука се препорачува да се игра на голови. За играта да има помеѓу еден до три гола и во првото и во второто полувреме, квотата е 2.05.

Најголема е квотата за вториот предлот и изнесува 2.35. Таа се добива ако одиграте Хакен како гостин на Варбергс во шведскиот шампионат да постигне два гола и притоа двата тима да ги затресат мрежите.

Волфсбергер и Австрија Лустенау играат во полуфиналето од плејофот за пласман во Лигата на конференции и тука се очекува домаќинот да не загуби, а притоа и двата тима да постигнат гол. За играта 1Х&ГГ квотата изнесува 2.10.

Малме е голем фаворит против Дегерфорс, но предлогот е да се одигра на голови на домаќинот. За играта Малме да постигне барем еден гол во првото полувреме и најмалку три гола на целиот натпревар, квотата е 1.85.

Хамбургер и Штутгарт го играат реваншот кој треба да го даде последниот тим што ќе игра во Бундеслигата следната сезона, а многу блиску до тоа се Швабите, кои славеа со 3:0 на првиот меч. Сега предлогот е двата тима да постигнат гол и згора на тоа, да има по барем еден гол и во првото и во второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести