Милионерите се сигурни за добивка

1801 Борусија Дортмунд – Фрајбург (20:30 ч.)

Борусија Дортмунд е единствениот реален ривал на Баерн Минхен во трката за титулата во Бундеслигата. Милионерите сезонава играат одлично дома и имаат осум победи во девет средби на „Сигнал Идуна Парк“, а единствено загубија од Баерн Минхен.

Фрајбург е пријатно изненадување во првиот дел од сезоната и е на четвртото место со втор најдобар биланс на гостински терен. Борусија игра отворен фудбал, дава многу голови, но и одбраната им е нестабилна, па може да се очекуваат голови, но трите бода треба да бидат за домаќините.

Предлог тип: 1&3+ (2.04)

 

1003 Брајтон – Кристал Палас (21 ч.)

Дуел на две екипи кои се сигурни на средината од табелата во Премиер лигата. Во изминативе четири години, овие два тима играле девет пати, а традицијата вели дека дури осум средби завршиле со гол-гол варијанта, односно двата тима да постигнат барем еден погодок.

Во шест од тие девет дуели, имало меѓу 2 и 3 гола, па тоа е добра опција за играње на оваа средба.

Предлог тип: 2-3 гола (1.97)

 

1951 Бешикташ – Газијантеп (18 ч.)

Дури шестмина фудбалери на на Бешикташ се болни, а уште тројца не може да играат поради повреди или суспензија, но и покрај тоа домаќините се фаворити за победа.

Газијантеп игра одлично и по 20 кола е пред Бешикташ на табелата. Гостите досега освоија 31 бод, а Бешикташ само 29 бодови. Дури осум од последните 10 дуели на овие дба тима завршиле со барем три гола.

Предлог тип: 3+ (1.65)

 

5727 Габон – Гана (20 ч.)

Гана загуби во првото коло од Африканскиот куп на нации, додека Габон ги освои трите бода па сега притисокот е врз фудбалерите на Гана. Овие две селекции немаат играно повеќе од 10 години, а тоа што е јасно на овој шампионат е дека нема да има многу голови.

Предлог тип: Х2&0-2 (1.74)

 

1701 Ница – Нант (21 ч.)

Ница игра одлично и не случајно е веднаш зад лидерот ПСЖ. Тимот ја има втората најдобра одбрана во лигата, , па на Нант нема да му биде лесно да го пробие домашниот бедем.

На осум од последните девет меѓусебни дуели, паѓале меѓу два и три гола, па и сега е многу веројатно да биде така.

Предлог тип: 2-3 гола (1.97)

 

- Оглас -

Најнови вести