29.7 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Игрите на голови се најдобра опција кај второлигашите

1321 Мирандес – Еибар (21:00 ч.)

Лидерот на табелата во шпанската втора лига, Еибар, го затвора 32-рото коло со гостувањето кај Мирандес. Еибар врза четири победи по ред, со кои ги искористи послабите резултати на конкурентите за првите две места на табелата и се искачи на лидерската позиција со 59 бода, еден повеќе од Гранада и Лас Палмас и три од Леванте. Мирандес се наоѓа на 13-тата позиција на табелата и на последните два меча забележа две победи. Еибар во 2023 година одигра десет натпревари во Ла Лига 2 и само на два беа постигнати три гола, додека на останатите осум резултатот најчесто беше 1:0 или 2:0, а два натпревари завршија без голови.

Предлог тип: Х2 & 0-2 (1.90)

 

1830 Инголштад – Динамо Дрезден (18:30 ч.)

Инголштад и Динамо Дрезден го затвораат 28-мото коло во третата германска лига, а фаворитската улога ја има гостинот. Динамо се наоѓа на седмата позиција на табелата со 47 бода, но третопласираниот Вехен има само три бода повеќе. Инголштад пак е 12-ти и има осум бода повеќе од опасната зона. И двата тима се наоѓаат во серија, домаќинот има три порази по ред, додека Динамо Дрезден има три победи во низа. Првиот дуел сезонава заврши без победник, но вечерва се очекува гостите да тргнат од првата минута офанзивно и да се обидат да дојдат до триумф, кој ќе ги искачи на делба на третата позиција, која носи во баражот за пласман во втората германска лига.

Предлог тип: 2 & 1+ второ (2.50)

 

1587 Арис Лимасол – АЕК Ларнака (16:00 ч.)

Последниот меч пред стартот на втората фаза во кипарскиот шампионат е меѓу Арис Лимасол и АЕК Ларнака, а влогот е второ место на табелата.
Тимот на македонскиот репрезентативец Иван Тричковски, АЕК Ларнака, доживеа пораз на три во последните четири натпревари и го загуби првото место на табелата од АПОЕЛ. АЕК е втор на табелата со 57 бода, додека АПОЕЛ има 61, а Арис Лимасол има 52 бода, но во последните осум меча има шест победи и две ремија. И двете екипи се ефикасни, постигнуваат скоро по два гола на натпревар, но интересно е што во 2023 година во натпреварите од кипарскиот шампион, само на по еден нивен натпревар биле постигнати повеќе од четири гола.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.55)

 

2437 Универзитатеа Клуж – Аргеш (20:00 ч.)

Во романскиот шампионат започна втората фаза во која екипите се поделени во две групи, во едната се игра за титула, а во другата за опстанок. Универзитатеа Клуж и Аргеш играат за опстанок, а домаќинот е фаворит. Универзитатеа Клуж во последното коло загуби во градското дерби, но претходно немаше пораз на шест меча, а во 2023 година доживеа само два пораза. Аргеш пак сè уште чека на првата победа годинава, а притоа забележа пет порази.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.20)

 

3641 Анкона – Чезена (20:30 ч.)

Ова е натпревар од третата италијанска лига, и тоа меѓу екипи кои во минатото играле и во Серија А. Анкона е петта на табелата со 53 бода и на пет кола до крајот на регуларниот дел од сезоната си обезбеди пласман во разигрувањето за пласман во Серија Б, додека Чезена има десет бода повеќе и е третопласирана. Во последните две децении, овие два тима меѓу себе играле само петпати и головите се реткост на нивните натпревари (1:0, 2:0,0:2,1:0), а само на еден натпревар биле постигнати три гола.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.78)

- Оглас -

Најнови вести