1701 Олимпик Марсеј – Анже (20:45 ч.)
Нема дилема дека на овој меч домаќинот е апсолутен фаворит за победа. Анже е последен на табелата само со два бода од шест дуели, па тешко дека ќе може да изненади во Марсеј.
На четири од последните пет меча меѓу овие два тима, Олимпик победува, и тоа барем со три постигнати гола, што значи дека треба да се очекуваат погодоци во мрежата на гостите.
Предлог тип: T1 1-3 I & 1-3 II (1.99)
3001 Наполи – Комо (18:30 ч.)
Наполи како лидер влегува во ова коло во Серија А, а за ривал го има Комо, кој врза две победи и гостите со многу оптимизам доаѓаат во Неапол. Комо е тим кој игра отворено, фајтерски, па затоа има гол-разлика од девет дадени и 11 примени гола во шест дуели (просек повеќе од три погодоци на средба). Наполи има три победи во трите дуели на „Диего Армандо Марадона“ и сигурно ќе се обиде таа перфектна низа да ја продолжи.
Предлог тип: ГГ3+ (2.45)
1801 Аугсбург – Борусија Менхенгладбах (20:30 ч.)
На мечевите во Бундеслигата веќе редовно има гол-шоу, а ако се погледнат меѓусебните дуели на овие два клуба, погодоците не треба да изостанат. На седум од последните 10 пресметки на овие ривали имало погодоци на двете страни.
Аугсбург ја има една од најслабите одбрани и прима речиси три погодоци на средба, но фактот дека се на домашен терен им дава право да очекуваат бодови од овој дуел.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.77)
1301 Леганес – Валенсија (21 ч.)
Екипи кои сезонава може да се борат за опстанок во Примера дивисион. По осумте кола, двете екипи имаат постигнато само по пет гола, што кажува за нивните лоши реализаторски способности.
Дури и традицијата, кога ќе се погледнат меѓусебните дуели, е најава за досаден дуел без многу погодоци бидејќи трипати било 1:1, а во два случаи по еден гол бил решавачки за победникот.
Предлог тип: Х2&0-2 (1.88)
1011 Сандерленд – Лидс (21 ч.)
Дерби на колото во Чемпионшип. Интересно е дека Сандерленд е лидер на табелата, но Лидс иако е гостин и е на петтото место, е во улога на фаворит. Минатата сезона кога играа, мечевите завршија со 0:0 и 1:0 победа на Сандерленд. На последните пет меѓусебни дуели немало повеќе од два погодоци, но факт е дека овие екипи играат офанзивно.
Предлог тип: 1Х&2-4 (2.45)