Игрите со голови се попривлечни отколку фиксовите

Според квотите на денот на обложувалниците Sport Life, младата селекција на Србија ќе даде барем еден гол во вторите 45 минути, Колумбија и Парагвај ќе дадат еден до три гола во двете полувремиња, а и Аргентина и Катар ќе дадат по некој гол во едно од полувремињата.

 

Колумбија – Парагвај (21.00 часот)

Колимбија го има обезбедено првото место во групата, и можеби од „тактички причини“ ќе загуби, со цел да има четвртфинале Бразил – Аргентина и барем еден од фаворитите да отиде во аут. На Парагвајците, после ремито со Аргентина, вечерва им одговара само победа против популарните „кафетероси“ кои нема да играат со сите расположиви сили.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.05)

 

Катар – Аргентина (21.00 часот)

Аргентина игра лошо, но може и мора да најде сили да го победи азискиот првак. Катар е тим кој може да ѝ направи проблем на одбраната на Аргентина, па бидејќи квотата за двојката и не е особено голема, можеби подобро е да се игра дека ќе има голови на двете страни во едно од полувремињата.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.65)

 

Данска У21 – Србија У21 (21.00 часот)

Србите се посрамотија на Европското првенство, и дуелот со Данска кој им е последен на шамшионатот, за нив е е шанса барем малку да ја ублажат катастрофата, и на одмор да заминат со не толку негативно мислење за нив. И на Данците ништо не им значи, и тие се во аут, па и тие поопуштено ќе играат, што е шанса за младите „орли“ да дадат некој гол во вториот дел.

Предлог тип: Т2 1+ второ (2.00)

 

Мајорка – Депортиво Ла Коруња (21.00 часот)

Реванш мечот за пополнување на шпанската Примера стартува со 2-0 за гостите, па пред Мајорка е исклучително тешка задача и мора да даде повеќе од гола. Кој и да се врати во елитата, тоа е добро за Ла Лига. Мајорка во 2003 година ја има победено Ла Коруња со 3-0, тоа е резултатот кој го сонуваат домашните, но и тимот од Галиција знае да биде незгоден гостин (Депортио загуби само едно од последните пет гостувања кај Мајорка).

Предлог тип: Т1 2+ (2.22)

 

Сенегал – Танзанија (19.00 часот)

Сенегал предводен од Мане и Кулибали, има потенцијал да дојде и до титулата на африканскиот куп на нации, па дуелот со Танзанија за фаворитот треба да биде само загревање за идните предизвици. Обичниот кец нема претерано да ве збогати, затоа можете да го комбинирате со претпоставка дека ќе има 2-4 гола.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.04)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести