Игуаин би можело да се врати во трофеен шпански клуб

Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин (32) бара клуб за следната сезона бидејќи налето му истекува договорот со Јувентус, а интересно е тоа што би можело да се врати во шпанската лига, и тоа во Атлетик Билбао, клуб кој во своите редови има само играчи родени или со потекло од областа Баскија.

Атлетик има многу трофеи во шпанскиот куп, а заедно со Реал Мадрид и Барселона се единствени клубови кои никогаш не испаднале од првата шпанска лига.

Некогашниот играч на Ривер плејт, Реал Мадрид, Наполи, Милан, Челзи и Јуве има и француски пасош, роден е во францускиот град Брест, каде што татко му Хорхе професионално играше фудбал. Хорхе Игуаин пред 15 години, кога Реал Сосиедад се интересираше за другиот негов син, Федерико, кажа дека нивното семејство, поточно дедо му, има баскиско потекло.

„Татко ми кажа дека неговиот татко му кажувал дека Баскијците не се ни Шпанци, ни Французи“, рече тогаш таткото на популарниот Пипита.

 

- Оглас -

Најнови вести