Игуаин: Голот беше за Гатузо

Гонзало Игуаин вчера го постигна вториот погодок за Милан во победата над Спал со 2-1. „Пипита“ така ја прекина сушата која траеше цели 10 натпревари, откако последен пат затресе мрежа на 28-ми октомври, во победата над Сампдорија со 3-2.

Голот полека, но сигурно му ја враќа самодовербата, но истиот го посвети на својот тренер, Џенаро Гатузо. И покрај тоа што со погодокот ги освои трите бода, Игуаин во текот на вчерашната средба беше исвиркуван во неколку наврати од страна на навивачите на Милан. Потоа ги замолкна, а при излегувањето од теренот симпатизерите на „росонерите“ го поздравија со аплауз.

„Голот беше од големо значење за сите нас, не само за мене. После сите бода што не успеавме да ги освоиме, вчера моравме да остваривме победа. Голот му го посветив на Гатузо, тој секогаш ме поддржува, во лоши и во добри моменти. Секогаш е искрен со мене, па мило ми е што можам да возвратам“, истакна Игуаин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести