Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин во интервју за каталонското радио рече дека иако порано било незамисливо за некој 34-годишен фудбалер да се платат 50 милиони евра, разбирливо му е што Барса плати толку за Роберт Левандовски.
„Тој ја освои Лигата на шампионите пред две години, лани беше прогласен за најдобар на светот и, секако, е еден од најдобрите напаѓачи во последната деценија. Во денешно време 50 милиони евра не се ништо, а порано беше незамисливо да се плати толку многу. За да платите 50 милиони за некој што има 34 години, тој играч мора да е одличен, а Роберт е првокласен. Мислам дека добро ќе се вклопи кај Чави. Во фудбалот нема стари и млади. Бензема даде 15 гола во ЛШ минатата сезона, а колку години има? Роберт е ѕвер, Барселона донесе големо засилување“, рече Игуаин, кој игра во САД за клубот Интер Мајами.