Игуаин: Миланското дерби „жешко“ како она во Мадрид

Интер и Милан во недела ќе го играат 222-от градски дуел, познат како „Дерби дела мадонина“. Напаѓачот на „росонерите“, Гонзало Игуаин, за прв пат ќе учествува во ова дерби, но, со оглед дека бил дел и од други пресметки од ваков карактер, свесен е за тежината и желбата на двете екипи да издвојат победа.

„Сите дерби мечеви имаат посебна убавина во нив. Ќе биде убаво да се почувствува жештината и во овој дуел, Интер – Милан е едно од најголемите и најстарите ривалства во светот, а фактот дека на „Сан Сиро“ ќе преовладува сината боја, за нас ќе биде тоа дополнителна мотивација. Ова е дерби полно со емоции, исто како она кое се игра во Мадрид (меѓу Реал и Атлетико)“, истакна Игуаин.

Многумина сметаат дека во овој дуел најголем акцент се става на пресметката Игуаин – Икарди.

„Икарди е одличен голгетер, „убиец“ во казнениот простор, но, ние нема да играме тенис, туку фудбал, а фудбалот се игра 11 против 11. Оваа средба не е само меѓу Икарди и Игуаин, за победа мора сите да одиграме на високо ниво“, додека Игуаин.

Дербито е закажано за в недела, со почеток од 20:30 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести