Игуаин: Одиграв значајна улога за Меси и Аргентина да ја освојат Копа Америка

Лео Меси летово дојде до првиот позначаен трофеј како член на сениорската репрезентација на Аргентина. „Гаучосите“ триумфираа на овогодинешното издание на Копа Америка, победувајќи го во финалето големиот ривал Бразил со 1:0.

Иако не беше дел од овој тим, искустниот аргентински напаѓач, Гонзало Игуаин во изјава за тамошните медиуми кажа дека одиграл значајна улога за овој успех на Меси и Аргентина.

„Иако звучи неверојатно, јас и останатите репрезентативци кои неодамна се пензиониравме, одигравме значајна улога за оваа селекција на Аргентина, предводена од Лео Меси да дојде до првиот позначаен трофеј во последните декади. Тоа дури и самиот Меси го изјави во една од прес конференциите, што е навистина за почит“ кажа Игуаин.

Во минатото, Игуаин беше една од најголемите аргентински ѕвезди, играјќи за Реал Мадрид, Наполи и Јувентус. Сега тој е член на тимот од МЛС тимот, Интер Мајами.

 

- Оглас -

Најнови вести