Гонзало Игуаин го постигна првиот гол во дресот на Челзи. Аргентинецот кој во зимскиот преоден рок се замина од Милан и се пресели на „Стемфорд Бриџ“, почна да ги тресе и мрежите во Англија. На дуелот против Хадерсфилд, Игуаин ја затресе мрежата на гостите по само 16 минути игра.
За Игуаин ова е трет меч во дресот на Челзи. Дебитираше во дуел од ФА Купот, а беше стартер и во поразот од Борнмут со 4:0. Сега Аргентинецот може да се пофали дека погодил во три од петте најсилни лиги во Европа. Претходно ги тресеше мрежите во Шпанија во дресот на Реал Мадрид, а како играч на Наполи, Јувентус и Милан има погодено во Серија А.
Интересно е тоа што за Игуаин ова е 37-ми лигашки погодок во 37 меч на кој тренер му е Маурисио Сари.