Игуаин полуде: Прво го удри помошникот тренер, а потоа ја искрши рекламата (Видео)

Јувентус утре гостува кај Атлетико во Мадрид, местото каде што само пред неколку месеци загубија со 2:0. Италијанскиот првак се надева дека оваа сезона конечно ќе успеат да го освојат највредниот трофеј на клупски план во Европа.

На еден од последните тренинзи пред мечот со шпанскиот тим, во центарот на вниманието се најде напаѓачот Гонзало Игуаин. Голгетерот на Јувентус едноставно „збесна“ и најпрво го удри помошникот тренер, а потоа неколку пати удри во рекламата што беше покрај теренот. Соиграчите потоа го смирија нервозниот Аргентинец.

https://twitter.com/i/status/1173936631948152832

 

- Оглас -

Најнови вести